Здружение Национален Ромски центар (НРЦ) од Куманово повторно објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1 Набавувач на услуги: ЗГ “Национален Ромски Центар” со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ 11/5.

1.2 Предмет на барањето: Прибирање понуди за набавка на заштитни канцелариски бариери од плексиглас за 10 канцелариски маси

1.З. „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот “Зајакнување на ромската жена во Република Северна Македонија” финансиран со подршка на We effect, и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање до сите регистрирани правни субјекти во државата заради набавка на заштитини канцелариски бариери од плексиглас за 10 канцелариски маси.

1.4. Набавката на ова Барање е неделива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.

2. Понуда

2.1  Понудувачот треба да достави понуда која согласно потребите на набавувачот треба да содржи:

Понуда за изработка на заштитини канцелариски бариери од плексиглас за 10 маси со следниве димензии:

Маса 1 и 2 – 200 цм должина на средина на двете маси, странично една преграда – 80 цм, со 3 отвори (Т позиција)

Маса 3 – 140 цм должина, странично една преграда – 65 цм, со 1 отвор (Г позиција) 

Маса 4 – 140 цм должина, странично две прегради – 2 * 60 цм, со 1 отвор (П позиција) 

Маса 5 – 190 цм должина, странично една преграда – 100 цм, со 1 отвор (Г позиција)

Маса 6 – 150 цм должина, странично две прегради – 2 * 75 цм, со 1 отвор (П позиција) 

Маса 7 – 160 цм должина, странично две прегради – 2 * 80 цм, со 1 отвор (П позиција) 

Маса 8 – 100 цм должина, странично две прегради – 2 * 65 цм, со 1 отвор (П позиција) 

Маса 9 – 100 цм должина, странично две прегради – 2 * 95 цм, со 1 отвор (П позиција) 

Маса 10 – 100 цм должина, странично две прегради – 2 * 95 цм, со 1 отвор (П позиција) 

3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Цена

Цената носи максимум 100 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

4. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт.

4.3 Карактеристики на понудата

4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите.

4.5 Рок и начин на плаќање

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] и [email protected] најдоцна до (петок) 26.06.2020 година до 16 часот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*