ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ СО ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ ЗА ПОДГОТОВКА НА СИСТЕМ ЗА МОНИТОРИНГ И ЕВАЛУАЦИЈА

Датум на објавување: 15.04.2020

Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ)  објавува „Повик за ангажирање на експерт за изработка на систем за мониторинг и евалуација“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов  бр. 11/5, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирањена експерт за подготовка на систем за мониторинг и евалуација на организациско ниво

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово го  спроведува проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка на We Effect.

Цели на проектот

Општа цел на проектот е подобрен социо-економски статус и социјална вклученост на жените Ромки во Северна Македонија

Специфични цели на проектот се:

  1. Организациски развој на Националниот ромски центар (НРЦ) во родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики
  2. Економско зајакнување на Ромите, со фокус на жени и девојки
  3. Зголемување на пристапот до правда за жените Ромки, девојчињата и момчињата и застапувањето базирано на пристапот базиран на човекови права на локално и национално ниво

1.4. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org

Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на  проектот.31.12.2020 година

1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:

  • Завршено високо образование,
  • Минимум 5 годишно документирано работно искуство за планирање и спроведување на мониторинг и евалуација на организациско ниво (програмско и проектно ниво); подготовка на планови, системи, мониторинг и евалуациски матрици и други документи за мониторинг и евалуација;
  • Планирање и спроведување на обуки и работилници во областа на мониторинг и евалуација;
  • Минимум 5 годишно работно искуство со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство со ромски граѓански организации, Роми/Ромки;и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет.

 

  1. Пријава

Понудувачот треба да достави:

  • Работна биографија;
  • Диплома за завршен факултет (копија);
  • Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот со документирано работно искуство;
  • Примероци од претходна работа за спроведени минимум 3 слични работни задачи во последните 5 години;
  • Изјава за минимум 5 годишно работно искуство во работа со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство во работа со ромски граѓански организации, Роми/Ромки; и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
  • Понудена бруто цена за ден со вклучени патни трошоци.

 

  1. Опис на позиција: експерт за изработка на систем за мониторинг и евалуација

Број на позиции:

  • (1) позиција ако се пријавуваат физички лица со заедничка понуда
  • Едно правно лице (здружение на граѓани или трговско друштво)

Времетраење:  7 работни дена во период мај–јуни 2020 година.

 

Работни задачи за потребите на проектот „Зајакнување на жени Роми во Република Северна Македонија“

Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:

Ангажманот вклучува имплементација на активности поврзани со пренесување на знаење, искуство и експертиза преку техничка поддршка за подготовка на систем за мониторинг и евалуација на организациско ниво како компонента во рамки на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ во текот на 2020 година. Согласно проектните документи ангажманот ќе биде во период мај- јуни 2020 година.

Ангажманот е со следниве задачи и одговорности во проектот Зајакнување на жени Роми во Република Северна Македонија:

  • Подготовка и одржување на две онлајн еднодневни работилница за потребите на НРЦ и лица ангажирани како теренски асистенти во проектот во период мај-јуни 2020. Предвидени се 15 учесници.
  • Целта на првата работилница е да се направи проценка на потребите на организацијата, да се развијат индикатори, алатки, процеси, проценка на човечки ресурси кои ќе го спроведуваат системот, а втората за презентација на системот за мониторинг и евалуација и неговата функционалност.
  • Креирање на систем за мониторинг и евалуација на организациско ниво за потребите на организацијата, мониторинг како континуиран процес на прибирање податоци за напредокот при реализација на поставени цели на проектно и стратегиско ниво, и евалуација како системско оценување за постигнати резултати имајќи ги предвид расположливите ресурси.
  • Целта на системот за мониторинг и евалуација на организациско ниво на НРЦ е да се воспостават индикатори, алатки и процеси што ќе се  користат за мерење дали поставените цели на проектно и стратегиско ниво се спроведени според планот и дали го имаат посакуваниот резултат.
  • За оваа активност е предвиден ангажман од 7 работни дена (буџетска ставка 1.1.4.4)
  • Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец time sheet
  • Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот

Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка.  Исплата на две рати и тоа: прва рата во износ од 30% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена по склучување на договорот и втора рата 70% по завршување на ангажманот и и одобрување на доставен на извештај и time sheet од страна на проектниот координатор.

  1. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Критериум за избор на најповолен понудувач е квалитетот и личното искуство, цена, на понудувачот согласно бараните критериуми.

Работна биографија – 40 поени

Искуство и квалитет – 40 поени

Бруто цена за ден со вклучени патни трошоци– 20 поени

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] и [email protected] најдоцна до 04.05.2020 година до 16:00 часот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*