НРЦ на првиот настан во Македонија за одбележување на Светскиот ден на ромскиот јазик

Претставници од НРЦ присуствуваа на првиот настан за одбележување на Светскиот ден на ромскиот јазик. Настанот се одржа во организација на Министерот за имплементација на Националната стратегија на Ромите во Македонија, Самка Ибраимовски. На настанот присуствуваше и премиерот, Зоран Заев, министерката за образование и наука, Рената Дескоска.

„НРЦ го честита 7 Ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик прогласен 2015 година од страна на УНЕСКО. Ромскиот јазик е благ, милозвучен.Станува збор за јазик кој е жив, каде и да се отиде со ромски јазик, Ромите можат да се разберат меѓусебе без разлика дали се во Аргентина, Шпанија, Англија. Ромите треба да се горедат со својот јазик, оти преку него се испраќаат пораки за мир и толеранција“-изјави, извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски.

НРЦ е еден од иницијаторите за одбележување на Светскиот ден на ромскиот јазик, како и на останати значајни датуми поврзани со ромската култура, историја и традиција.

За време на првиот ромски конгрес во 1971 година во Лондон, ромскиот јазик беше официјално признаен како јазик на Ромите во Европа, а тој стои и во Европската повелба за регионални и малцински јазици на Советот на Европа. Бројот на Роми во Европа се движи помеѓу 12 и 15 милиони. Во повеќе од 60 проценти од земјите во Источна и Југоисточна Европа се говори ромскиот јазик.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*