НРЦ –Да се почитуваат човековите права

НРЦ со повеќе активности ќе го одбележи 10 декември, Меѓународниот ден на човекови права. Утре, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во 12 часот, ќе се одржи манифестација во рамки на проектот Roma Pride, Доста, поддржан од Советот на Европа, и „Ајде да зборуваме за дискриминација“ со поддршка од француската амбасада и двата поддржани од Европа за граѓаните. Во сабота на 9 декември, со почеток во 11 часот претставници од НРЦ ќе оставарат средби со жителите на населбите „Средорек“, „Бавчи“, „Стари Лозја“, „Бараки“, каде што ќе разговараат за почитување на човековите права. Истиот ден со почеток во 12 часот, во спортската сала на основното училиште „Браќа Миладиновци“, ќе се одржат спортски натпревари на кои ќе учествуваат ученици, студенти од ромска етничка заедница.

Пораките од младите Роми кои тие ги истакнаа на форумите во рамки на проектот „Ајде да зборуваме за дискриминација“ ќе бидат доставени и до градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во понеделник на 11 декември.

Универзалната декларација за човекови права е усвоена од Генералното собрание на ОН на 10 декември 1948 година, во Париз, поради што овој ден се празнува како Меѓународен ден на човековите права. Декларацијата за човекови права се смета за неформален устав кој ги гарантира правата на човекот и ги признава човековите права и слободи како дадени по раѓање, обезбедува рамноправност и гарантира заштита од насилство, лош третман и казни кои влијаат на човечкото достоинство. Обединетите нации усвоија шест договори за основните човекови права: Меѓународен договор за граѓанските и политичките права; Меѓународен договор за економските, социјалните и културните права; Договор против насилството; Договор за превенција на расната дискриминација; Договор за превенција на дискриминацијата на жените; Договор за правата на децата. Прифатената на 10 декември 1948 година Декларацијата за правата на човекот се состои од вовед и 30 члена.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*