НРЦ во рамки на проектот „Поддршка за социјална инклузија на младите Роми во неформалната едукација“

НРЦ, заедно со организацијата Институт за ромска култура во Албанија и Академик од Велико Трново, Бугарија започнуваат со реализација на активности, поддржани од Еразмус + програмата од ЕУ во рамки на проектот „Поддршка за социјална инклузија на младите Роми во неформалната едукација“.

„Сметаме дека има доволно време да се спроведат активностите и да се согледа рефлексијата што ја има неформалната едукација врз младите од ромската заедница од трите држави“-изјави, извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски.

Активностите ќе отпочнат месецов,а проектот ќе заврши во јуни 2019 година.

„Планирани се низа средби, размена на искуства на младите Роми од Куманово, Тирана и Велико Трново, а ќе има можност да се вклучат и млади од други етнички заедници, со цел да разменат согледувања и искуства како поефикасно да станат поконкурентни на пазарот на трудот“-рече Елезовски.

Тој го оцени позитивен првиот работен состанок и изрази надеж дека младите ќе се стекнат со вештини потребни за вработување не само во матичните држави, туку и надвор од нив.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*