Датум на објавување: 29.06.2020

Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ)  објавува „Повик за ангажирање на експерт за изработка на стратегија за управување со ризици на организациско ниво“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов  бр. 11/5, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирањена експерт за подготовка на стратегија за управување со ризици на организациско ниво

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово го спроведува проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка на We Effect.

Цели на проектот

Општа цел на проектот е подобрен социо-економски статус и социјална вклученост на жените Ромки во Северна Македонија

Специфични цели на проектот се:

1. Организациски развој на Националниот ромски центар (НРЦ) во родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики

2. Економско зајакнување на Ромите, со фокус на жени и девојки

3. Зголемување на пристапот до правда за жените Ромки, девојчињата и момчињата и застапувањето базирано на пристапот базиран на човекови права на локално и национално ниво

1.4. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org

Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на  проектот 31.12.2020 година

1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:

  • Завршено високо образование,
  • Минимум 5 годишно документирано работно искуство во подготовка на стратегии, системи, планови и други документи за управување со ризици, спроведување на активности кои вклучуваат различни видови на управување на ризици и другирелевантни документи;
  • Планирање и спроведување на обуки и работилници за проценка на потреби на организации;

–  Планирање и изработка на стратегии за управување и намалување на ризици наменети за организации и други правни лица;

  • Напредно познавање на македонското законодавство кое се однесува на граѓански здруженија;
  • Минимум 5 годишно работно искуство со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство со ромски граѓански организации, Роми/Ромки;и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет
  • Дигитална писменост за користење на современи алатки за комуникација (Zoom, BlueJeans, и други)

2. Пријава

Понудувачот треба да достави:

  • Работна биографија;
  • Диплома за завршен факултет (копија);
  • Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот со документирано работно искуство;
  • Примероци од претходна работа за спроведени минимум 3 слични работни задачи во последните 5 години;
  • Изјава за минимум 5 годишно работно искуство во работа со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство во работа со ромски граѓански организации, Роми/Ромки;и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
  • Понудена бруто цена за ден во денари.

3. Опис на позиција: експерт за изработка на стратегија за управување со ризици на организациско ниво

Број на позиции:

  • (1) позиција ако се пријавуваат физички лица со заедничка понуда
  • Едно правно лице (здружение на граѓани или трговско друштво)

Времетраење:  7 работни дена во период јули-август 2020 година.

Работни задачи за потребите на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“

Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:

Ангажманот вклучува имплементација на активности поврзани изработка на стратегија за проценка и управување со ризици со што ќе се овозможи стандардизирано идентификување на ризици, нивната веројатност, последиците како и идентификување на стратегии и акции за нивно надминување како компонента во рамки на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ во текот на 2020 година. Согласно проектните документи ангажманот ќе биде 7 дена во период јули- август 2020 година.

Ангажманот е со следниве задачи и одговорности во проектот Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија:

  • Подготовка и одржување на еднаonlineработилница за проценка на потребите на НРЦво јули 2020. Предвидени се најмногу 15учесници.
  • Идентификување на ризици со кои организацијата може да се соочи и да биде изложена, а се однесува на внатрешна организациона структура, усогласеноста со соодветните законски обврски како и при односи со трети лица; Идентификување на веројатноста од настапувањето на ризикот како и проценка на штетните последици во случај на остварување на ризикот;
  • Врз основа на идентификуваните ризици, нивната веројатност и последиците ако се остварат, да предвиди соодветни стратегии и активности за нивно избегнување и/или надминување;
  • Подготовка на стратегија со стандардизирана и функционална методологија за проценка на постоењето, веројатноста и последиците од ризици наорганизацијата и идентификување на стратегии и активности за избегнување и/или намалување на веројатноста или последиците од  ризици;
  • Развивање на пристап, политики и постапки во рамки на предвидената стратегија за работа во услови на криза предизвикана поради виша сила (епидемија, други природни непогоди) и обезбедување на континуитет во работата базирано на потребите на организацијата;
  • Преглед на одговор на ризик од коронавирус. Ова може да вклучува патничка политика (домашна и меѓународна), рутински состаноци, ограничувања за физички пристап, полиси за далечинска работа, специјални мерки за клучен персонал и зголемени мерки за хигиена)и друго;
  • За оваа активност е предвиден ангажман од 7 работни дена (буџетска ставка 1.1.4.5)
  • Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец time sheet во рок од 5 дена по завршување на ангажманот;
  • Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата;
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот

Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка.  Исплата на две рати и тоа: прва рата во износ од 30% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена по склучување на договорот и втора рата 70% по завршување на ангажманот и и одобрување на доставен на извештај и time sheet од страна на проектниот координатор.

4. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Критериум за избор на најповолен понудувач е квалитетот и личното искуство, цена, на понудувачот согласно бараните критериуми.

Работна биографија – 40 поени

Искуство и квалитет – 40 поени

Бруто цена за ден во денари со вклучени патни трошоци– 20 поени

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси [email protected] и [email protected] најдоцна до 10.07.2020 година до 16:00 часот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*