Со цел да се разгледаат случувањата со почитување на правата на жените Ромки во Украина во партнерство со Меѓународната хуманитарна организација Ромски женски фонд “Чирикли”, Поткомитетот и UN Women заеднички организираа Меѓународна конференција за ромските права на жените во Украина одржана во Киев на 17-18 октомври 2018 година. НРЦ и менаџерот на проектот доби покана да учествува како говорник на еден од конференциските панели кои ќе се фокусираат на жените Ромки “Пристап до права и социјални услуги (здравство, образование, вработување, регистрација на граѓани)“, и истата беше прифатена.

Менаџерот на проектот, Катерина Шојиќ, ги презентираше информациите и добрите практики во областа на обезбедување на бесплатна правна помош за Ромите, искуства во застапувањето во промените во законодавството, известување до Комитети на Обединети Нации како и работата во врска со обезбедување на пристап до фундаментални права (лична документација и регистрација на граѓани, образование, домување – легализација на куќи, вработување и економски можности).

Целта на конференцијата беше да се подигне свеста за меѓународните стандарди за човекови права и политики за промовирање на родова еднаквост, подобрување на состојбата на Ромите и заштита на малцинствата и вклучување на учесниците во дијалогот за да се претстават конкретни препораки до националните, регионалните и локалните власти да ги задоволат потребите на жените Ромки и да ги подобрат еднаквите права и можности на жените Ромки.

Conference Ukraine

Проектот e во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*