Национален ромски центар (НРЦ) со поддршка на UN Women започна со имплементација на проект насловен како “Поддршка на жени Ромки да се идентификуваат нивните потреби, да ги побараат своите права и да се зголеми нивниот пристап до услуги оние кои преживеале насилство” во период август 2018 година до месец декември 2019 година.

Проектот ќе се имплементира во Кичево, Куманово, Велес, Штип, Кочани, Прилеп.

Целта на проектот е намалување на дискриминацијата и насилството врз жените и девојките Роми во Македонија. Посебна цел на проектот е да се обезбеди пристап и давање услуги за ромските жени и девојки соочени со дискриминација и/или насилството врз жените, остварување на ефективна комуникација помеѓу граѓанското општество и релевантните институции и застапување за достапни достапни и квалитетни услуги и родова еднаквост.

Во рамки на проектот даваме ќе се имплементираат низа на проектни активност:

  • бесплатна правна помош во вид на правни совети за жени, а по потреба ќе ги застапува и адвокат;
  • мапирање на сите услуги на локално ниво за заштита на жени од секаков вид на насилство и упатување да бараат заштита, организирање на обуки за родова еднаквост во сите градови, извршно резиме за промена на јавни политики за поддржка на жени жртви
    на насилство;
  • организирање Буверо камп за обука на млади девојки преку обука и видео креирање да раскажуваат приказни се со цел да се подигне јавната свест.

Проектот e во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*