БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ

(за хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука)

02.12.2020

Здружение Национален Ромски центар (НРЦ) од Куманово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1 Набавувач на услуги: ЗГ “Национален Ромски Центар” со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ 11/5.

1.2 Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука

1.З. „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот „Зајакнување на ромската жена во Република Северна Македонија” финансиран со подршка на We effect, и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање до сите регистрирани правни субјекти во државата заради печатење на 6 документи за јавни политики.

1.4. Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.

2. Понуда

  • Понуда за одржување на обука за 10 и 11 декември 2020 година за 20 учесници
  • Понудата треба да содржи цена за сместување во еднокреветна соба со доручек, ручек и вечера за вкупно 6 лица
  • Ручек за 20 учесници на 10.12 и за 14 на 11.12.20 (во оваа бројка не се вклучени 6-те лица во полн пансион).
  • Настанот ќе започне со ручек на 10.12.2020 и ќе заврши на 11.12.2020 по ручекот. За реализација на настанот ќе биде потребно да се обезбедат сите потребни услови согласно Протоколот за заштита од Ковид 19.
  • Понудата треба да содржи цена и за сала за состаноци, вода за време на обуката и 2 кафе паузи. Локацијата на понудувачот треба да е во Куманово. Понудената цена треба да е во денари.

3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Цена
  • Квалитет

Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

4. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт

4.3 Карактеристики на понудата

4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите

4.5 Рок и начин на плаќање

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] и [email protected] најдоцна до 07.12.2020 година до 16 часот.

Куманово   02.12.2020       Финансиски и административен менаџер   
  Славица Ќурчинска 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*