Kumanovo

Нивото на свест за препознавање и заштита од дискриминација сѐ уште е ниско. Добар дел од граѓаните не се ни свесни дека се директно или индиректно дискриминирани, а недоверба постои и кон институциите и органите надлежни за санкционирање на сторителите, односно оние кои дискриминираат.

Ова се само дел од заклучоците од реализација на проектот „Спречување на дискриминацијата кон ромските деца“, кој го спроведе Националниот ромски центар од Куманово (НРЦ), во партнерство со Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“.

Целта на проектот, финансиран од Европската унија, е промоција на социјалната интеграција на ромските деца во општеството – преку ефективна заштита на нивните основни човекови права. Активностите се имплементираа изминатите две години во општините Куманово, Крива Паланка, Кичево, Кочани, Штип и Прилеп.

 

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение Паблик, Скопје и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*