Во изминатиот период на територијата на шест општини во Република Македонија беше реализирана кампања од страна на мрежата од организации добитници на субгрантови на проектот „Спечување на дискриминација кон ромските деца“ финансиран од Европската унија, преку свои предлог активности на територијата на своите општини.

За време на целиот период на кампањата на територијата на општините Куманово, Крива Паланка, Кочани, Штип, Прилеп и Кичево вкупно беа дистрибуирани 800 мајци, 10.000 флаери и над 600 постери, кои ја пропагираа пораката на кампањските активности и проектот.

На поделените флаери стоеше информацијата за бесплатна телефонска линија, e-mail и фејсбук група  на кои граѓаните можеа да пријават случаи на дискриминација.

Мрежата која ја сочинуваат  организациите субгрантисти: Ромска организација на жените РОЖМ „Даја“, Куманово со под-грант „Да живееме и учиме заедно“, Организација на Ромската младина ОРМ „Бела Кула“ Кичево со под-грант “И ние треба да сме еднакви како и сите други”, Здружение ромски центар „Романо Вило” Кочани со под-грант “Сите сме дел од оваа општество”, Ромски културен центар „Птици” Куманово со под-грант “На патот”, Здружение за перспективна интеграција и развој „Рома перспектив” Прилеп со под-грант “Креираме услови – Еднаков пристап без дискриминација”, Здружение на Роми „ Черења”, Штип со под-грант “Да учиме и твориме заедно без дискриминација”како и теренските фасцилитатори, локални ромски активисти, кои сите заедно учестувваа во спроведувањето на активностите од кампањата. Значаен ефект од камањата е нејзинит удел во идентификувањето на  случаи на дискриминација.

Севкупната реализација од кампањата помина со добри резултати, со успешно спроведување на следните видови активности: Истражување (овој вид на активности беа спроведени на териротијата на општините во Кочани, Штип и Куманово), работилници, ркалезни маси , ТВ гостувања, театар и креативно видео.

3 4 10 8 7 6 5 11 13 14 15 15 21 20 19 18 17 16 12

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение Паблик, Скопје и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*