Презентирана драфт верзијата на извештајот и препораките на трета средба на мрежата  за спречување на дискриминација кон Ромските деца

 

На 26.12.2018 година во Скопје од страна на проектниот тим беше организирана третата средба на мрежата за спречување на дискриминацијата во рамки од проектот „Спречување на дискриминација кон Ромските деца“.

На средбата пред членовите на мрежата беше презнетирана драфт верзијата од извештајот и препораките од проектот. Со посебна важност беа следени дискусиите со која им беше дадена можност на членовите на мрежата да дадат свои коментари, сугестии и препораки од работата во идентификација на случаеви на дискриминација, работата со ромската заедница и имплементацијата на подгрантовите со кои ќе се надополни извештајот.

Во текот на средбата од особена важност беше сесијата како да се продолжи со работата на мрежата преку зајакнување на капацитетите на мрежата преку обуки, проширување на мрежата и вклучување на други организации, одредување на заедничка цел и аплицирање за грантови како мрежа.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение Паблик, Скопје и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

2 3 4 5 6 7 8

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*