• FARE Информации за Медиуми

    Објавено на 29 October 2006

    Настан на УЕФА Куп за затворање на ФАРЕ Акциона Недела

    (2 ноември 2006) Седмото издание на ФАРЕ Акционата Недела, по оддржување на серија настани 28-29 Октомври, ќе се затвори со проминентна симболична акција на УЕФА Купот со натпревар помеѓу ФК Партизан и АС Ливорно на 2 ноември во Белград. Играчите на двата тима ќе носат два големи транспаренти со мотото на Партизан „Не делиме црно и бело, ние обединуваме“. Играчите на Партизан и Ливорно и судиите ќе носат Продолжува…


  • Играта е иста за сите

    Објавено на 28 October 2006

    По повод седмата акциона недела на борба против расизмот и дискриминацијата во Европскиот фудбал, Националниот Ромски Центар, со поддршка наФАРЕ и општина Куманово, на ден 28.10.2006 организираше фудбалски турнир во кој учествуваа 4 тимови од Македонска, Ромска и Албанска националност. Манифестацијата започна со парада низ градот каде тимовите дефилираа низ градот со транспаренти под мотото „Играта е иста за сите“. Продолжува…


  • ООН секоја година доделуваат награди за остварувања на полсето на новинарството и фотографијата кои се однесуваат на прашањата поврзани со сиромаштијата. Оваа година наградите на ОН им беа доделени на авторите за нивните достигнувања на полето на новинарството и фотографијата, на церемонија која беше организирана денес ((24.10.2006), по повод денот на ОН.

    Наградата за најдобра ТВ сторија прогласена од страна Продолжува…


  • Протестно писмо до ЕУ парламент

    Објавено на 10 October 2006

    До

    ЕУ Парламент, г-дин Претседател Јосеп Фонтелес Борел

    Брисел, Белгија, факс: ++32 2 284 93 41

    Почитуван г-дине Претседателе Јосеп Фонтелес Борел

    Испраќаме силен протест за било каков акт на Антициганизам во ЕУ институциите, како што се случи пред скоро време во Европскиот Парламент, кога набљудувачот г-дин Димитар Стојанов од Бугарија, преку јавен разговор на електронска пошта, јавно ја навреди ромската европарламентарка Ливија Јарока од Бугарија со силни анти Ромски навреди. Овој настан би можел Продолжува…


  • Автор Ашмет Елезовски

    Книгата е подготвена на англиски, македонски и ромски јазик. Сите кои сакаат да добијат примерок од бегалската хроника, може да се обратат на контактите на Националниот ромски центар.

    Рецензија

    Привремен животАвторот Ашмет Елезовски остави трага во времето на оваа наша современост. На просторот во историјата забележан како цивилизациски праг во земјите лулки на европските демократија и култура, авторот ги запиша темната страна, опачината и сето лицемериве на современиот човечки род. Преку страдањата на недолжните деца, мајки, баби, дедовци, татковци – жртви на политичките интереси и интриги, жртви на судирот на малите балкански народи и на себичноста на големите европски и светски сили.

    Можеби случајно, но можеби и намерно жртви се припадници на ромската етничка заедница. Ако е само тоа или барем само таа фашизоидна причина за опишаните страдања во хронологијата на Ашмет Елезовски, тогаш нам, на современиците на овие случувања на човековото страдание Продолжува…