НРЦ повикува за заштита на правата на детето

Почитувани,

Национален Ромски Центар (НРЦ), реагираат по повод видео клипот објавен во месец ноември 2006 година на порталот Кајгана во категоријата наловена хумор и сатира, а неофицијално дознаваме дека истата снимка се наоѓа кај некои сопственици на мобилни телефони. Видео клипот објавен на македонскиот сајт Кајгана, и ваквото претставување во медиумите на децата претставува грубо кршење на правата на детето. Најостро го осудуваме ваквиот акт и бараме да се откријат виновниците и сите оние кои се вмешани во случајот на било кој начин. Бараме да се спроведе истрага за да се открие идентитетот на детето, и идентитетот на сторителите.

Денес е 20 ноември, Светски ден на детето, а Република Македонија е потписник на Конвенцијата за правата на детето и е обврзана да ги почитува правата и обврските кои потекнуваат од неа. Република Македонија ја ратификуваше Конвенцијата за правата на детето во 1993 година, а во 2003 и двата факултативни протоколи на Конвенцијата.

Во таа функција Ве потсетуваме на:

  • член 3 од Конвенцијата за правата на детето
  1. Во сите активности кои се однесуваат на децата од примарно значење се интересите на детето, без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита, судовите, административните органи или законодавните тела.
  • член 16 од Конвенцијата за правата на детето:
  1. ниедно дете не смее да биде изложено на произволно или незаконско мешање во неговата приватност, семејство, дом или личната преписка, ниту на незаконски напади на неговата чест и углед.
  2. детето има право на законска заштита против таквото мешање или напади
  • член 23 од Конвенцијата за правата на детето
  1. Државите-членки признаваат дека детето со ментални или физички пречки во развојот треба да ужива целосен и достоен живот, во услови со кои се обезбедува неговото достоинство, се поттикнува самостојноста и се олеснува активното учество на детето во заедницата.

Со ваков пристап во работата на медиумите и објавување на настани и материјали на WEB страни, се нарушуваат основните права на детето кои се загарантирани и со националното законодавство и со меѓународните инструменти за правна заштита. Сите релевантни субјекти во Република Македонија треба да помогнат во документирање на насилството, заштита на детето, откривање на идентитетот на сторителите и сите вмешани лица во случајот.

Со почит,
Ашмет Елезовски

Забава или насилство?

Нова слика, појава или секојдневие за Ромските деца, одраз на нечија омраза, нечовечност, дискриминација, а и не само тоа најголема болка е што тоа е само дете.

Како знак на негодување добивме реакција од еден хуман граѓанин на Р.Македонија, уредник на http://istoricar.blog.com.mk/, кој со вознемиреност и грижа нè иформира и воедно протестира за клипот под име „Латиф“ на порталот на Кајгана www.kajgana.com кој беше поставен во забавно хумористична рубрика. По наша анализа клипот бил објавен на првата страна на 17 ноември 2006 година и сеуште стои во нивниот download сервер но е отстранет од WEB страната на Кајгана.

Ние најостро реагираме и ги поовикуваме сите да ни се придружат кон овој протест и воедно ги повикуваме надлежните институции ургентно да регираат за утврдување на потеклото и авторите на овој видео клип.

Денес кога секојдневно имаме хумор на сметка на Ромите (Шампионите на Шутка, Борат….) сепак тоа се монтирани документарци, филмови, но оваа е реалност иако е болна да се оди до крајност со користење и малтретирање на малолетно дете за забава и снимки со мобилни телефони..

Во нјадобар интерес на децата внимаваме на ваквите подробности кои можат да имаат негативен ефект токму над нив за кои се залагаме да ги заштитиме, затоа од таа причина нема да го ставиме видео клипот на нашито сајт, а може да го доставиме до надлжните институции и органи.

European Roma and Travellers Forum - информација за медиумите

Европскиот Форум на Ромите усвои резолуција за Ромите во Европа

Стразбур, 9 ноември 2006 година. На крајот на тридневниот состанок на пленарното Собрание на European Roma and Travellers Forum усвои резолуција со која се бара од Комитетот на министрите и од Европскиот Совет да усвојат Европска повелба за правата на Ромите. Повелбата треба да биде обрзувачки легален инструмент со кој ќе се присилат националните влади или меѓународните организации да ги почитуваат правата на Ромите.

Во палатата на Европа во Стразбур се состанаа делегати од повеќе од 40 земји членки на Советот на Европа вклучувајќи ги и претставниците на поважните седум меѓународни организации да разговараат за состојбата на Ромите во Европа. Во извештаите на земјите се истакнува дискриминација во полето на образованието, домување, здравство и вработување. Неколкумина од делегатите истакнаа дека постоечките инструменти за заштита на човековите права и анти-дискриминацијата не се применуваат соодветно за состобата на Ромите. Тие исто така беа критични и за фактот дека политичките иницијативи кои се поврзани со лошата состојба на Ромите честопати не ги земаат во предвид актуелните потреби на Ромите за определени потреби.

(more…)

Говор на претседателот на ERTF, Rudko Kawczynski, на второто пленарно Собрание

Како претседател на ERTF, имам чест и задоволство да ви посакам добредојде на нашата втора пленарна седница во Стразбур.

Задоволство ми е што гледам претставници на форумот од многу ромски национални организации и меѓународни ромски невладини организации кои го создадоа ERTF.

Охрабрувачки е да се види дека имаме посетиле од Советот на Европа и од други организации, меѓувладини како OSCE или пак од типот на Roma Education Fund, кои играат важна улога во нашата поделена борба за еднакви права на Ромите.

Кога го одржавме првото пленарно Собрание, работевме заедно да донесеме многу важни одлуки за нашата организациона структура, правила и водство. Од тогаш, извршниот комитет и секретаријатот работат. Ќе имаме можност да ве известиме за активностите некој од наредните денови. Но суштината на ова второ пленарно Собрание, најважната работа на која ќе работиме овие денови, е политичка.

(more…)

Еден од повеќето образовани Роми во Македонија невработен

Сафет Цупевски - Камачо
Сафет Цупевски - Камачо

Сафет Цупевски - Камачо, е еден од повеќето образовани Роми во Македонија и пошироко, но сепак невработен. Тој е еден од многуте Роми, кои чекаат цел живот, пред вратите на бирото за вработување. Цупевски од 1977-1981 година, во Универзитетот во Белград се здоби со диплома, виши работен терапевт, 6-ти степен. Од 1981-1983 година, дипломирал за виши физиотерапевт, за кинези терапија и физикална терапија. Од 1983-1986 година, исто така во Универзитетот во Белград станал, дипломиран Дефектолог, 7-ми степен. Меѓутоа, тука не завршува образованието на Цупевски. Тој во учебната 2005-2006 година во Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, запишува посдипломски магистарски студии по дефектологија. Работно искуство има од Швајцарија, од воената болница во Ниш и други медицински установи, надвор од Македонија.

Тој исто така е, почесен преседател на Советот на интелектуалци Роми на Македонија, прв претседател кој не е вработен. За својата сегашна ситуација Цупевски вели дека ја изгуби надежта дека, еден ден ќе се вработи.

Покрај сите напори да се вработам неуспеав, сега ништо друго не ми преостанува, освен да магистирам и да докторирам во мојатата струка. Како единствен Ром дефектолог во Македонија, мислам дека мојот статус како невработено лице е вистински апсурд, вели Сафет Цупевски - Камачо.

Next Page »